Достапни линкови

Лукашенко: нови избори само ако се усвои нов устав


Александар Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека би можеле да се одржат нови претседателски избори ако земјата усвои нов устав.

„Треба да донесеме нов Устав. Мора да го донесете на референдум, а според новиот Устав, би можеле да одржите ако сакате и парламентарни избори и претседателски, како и избори на локалните власти“, рече Лукашенко во коментари, од кои некои беа емитувани од телевизискиот канал Белорусија 24.

Лукашенко, кој се соочува со најголемите протести во неговите 26 години на власт по претседателските избори на 9 август што многумина ги нарекоа „лажирани“, претходно денеска рече дека нема да се одржат нови избори.

XS
SM
MD
LG