Достапни линкови

Утре средба Заев - Ахмети


ДУИ денеска соопшти дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок и информираат дека утре ќе има средба меѓу двајцата лидери, Зоран Заев и Али Ахмети.

„Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат“, соопшти ДУИ.

Информација за средбата на двата лидери стаса и од СДСМ, од каде, исто така, го потврдуваат она што го велат од ДУИ, дека е постигнат голем напредок кој води кон договор за нова Влада.

„Тимовите на СДСМ и на ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена по добивање на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада“, стои во соопштението од СДСМ.

XS
SM
MD
LG