Достапни линкови

Народна банка- граѓаните да бидат спокојни


Архивска фотографија- гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска - Бежовска

Граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците. Сите мерки кои ги има преземено Народната банка кон „Еуростандард банка“ АД Скопје се за заштита на депонентите на банката, соопшти денеска НБРСМ. Банката во соопштението наведува дека со ограничувањето на кредитирањето се заштитиле депозитите на депонентите.

Фондот ќе ги обесштети 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“

Народната банка нагласува дека сопствениците имаат законска обврска да обезбедат капитал за покривање на загубите на банката, а стручните служби и раководството на Народната банка свесни за сериозноста на состојбата во Банката, но и за поширокиот контекст на пандемијата на ковид-19, вложиле максимални напори, во законски рамки, да се изнајде поповолно решение.

Трифун Костовски, чие семејство стои зад Еуростандард банката вчера на прес конференција рече дека правдата за случајот ќе ја бара надвор од земјата, дека вината ја лоцира во Управниот одбор на банката, ја обвини и Народната банка, но и отвори сомнеж дека ова било долго планиран атак врз банката без да каже кој стои зад него.

XS
SM
MD
LG