Достапни линкови

Најголем дел од новите случаи на ковид-19 во Словенија се увезени од Хрватска


Колона автомобили на словенечко-хрватската граница во Драгоња

Претседателката на Кризниот штаб на словенечката Влада за борба против коронавирусот, Бојана Беовиќ, изјави денеска дека доколку продолжи трендот на увоз на вирусот од Хрватска, тоа тело ќе ѝ предложи на Владата поригорозни мерки за патниците од таа земја. На денешната прес-конференција таа потенцираше дека најголем број од новите случаи пријавиле претходен престој во Хрватска, пренесува СТА.

„Ако ова продолжи, ние може да влеземе во есенската сезона со проблеми поврзани со дружење во училиштата и работните места. Може да се појават жаришта на инфекции“, вели Беовиќ.

Словенечката докторка Марта Гргич Витек од Институтот за јавно здравје рече дека увезените случаи на коронавирус минатата недела предизвикале локални трансмисии, како и дека 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска.

Во Словенија денеска се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 2332. Досега се оздравени 1960 луѓе, починати се 129, а во моментов активни се 243 случаи.

XS
SM
MD
LG