Достапни линкови

Рекордни 154 новозаразени со коронавирус во Албанија


Луѓе шетаат на плажа во Драч на 10 јуни 2020

Не се смирува нагорната линија на новозаразани од Ковид-19 во Албанија. Во изминатото деноноќие дијагностицирани се 154 нови случаи, што е највисока бројка во едно деноноќие досега. И понатаму главно жариште останува Тирана каде се 84 од новозаразените, по што следува Драч со 10.

Според Министерството за здравство и социјална заштита починале пет пациенти, односно 213 досега.

Досега во земјата се регистрирани 6979 случаи на коронавирус, 3616 оздравеле, а активни заболени се уште 3.142 лица.

Од почетокот на овој месец во просек дневно се регистрирани по над 130 новозаразени или вкупно 1.714 лица.

XS
SM
MD
LG