Достапни линкови

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите и комуникацијата со Пендаровски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот, Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кон Кабинетот на претседателот, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Пендаровски.

Мицкоски замина на средбата во Вила Водно со неколку пратеници за да побара одговор од Пендаровски зошто му го доделил мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев без обезбедено парламентарно мнозинство.

Мицкоски смета дека со тоа е прекршен Уставот и претседателот ја злоупотребил својата положба.

Пендаровски, пак, му кажал дека Заев го уверил дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство, но според Мицкоски тоа не е доволно, туку е потребен доказ дека има 61 пратеници.

Пендаровски денеска му го довери мандатот за формирање влада на Заев како предлог на коалицијата која освои најмногу пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Ако Заев не успее да формира мнозинство, мандатот треба да го добие лидерот на втората по големина партија, односно Христијан Мицкоски.

XS
SM
MD
LG