Достапни линкови

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение во школо, другите онлајн


Венко Филипче

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.

Ова за МИА го изјавил министерот за здравство Венко Филипче, кој рече
дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на
Владата и да се донесе конечна одлука.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден
состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја
ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку
ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, додаде Филипче.

XS
SM
MD
LG