Достапни линкови

Помпео: Наградувала ли Русија Талибанци за убивање Американци?


Мајк Помпео

Американскиот државен скретар Мајк Помпео, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров во врска со извештаите дека Русија наградувала Талибанци за да убиваат американски војници.

Тој во интервјуто вели дека никогаш не коментира разузнавачки извештаи.

„Никогаш не коментираме американски разузнавачки податоци, дури и ако некој репортер реши дека мисли дека знае што се случува. Она што го кажавме е следново: Доколку Русите нуделе пари за убивање Американци, или други од Западот, ќе платат огромна цена за тоа. Тоа е она што му го кажав на Лавров. Знам дека нашите команданти разговарале со нивните, исто така. Тоа нема да го дозволиме. Тоа нема да го толерираме“, изјави Помпео.

XS
SM
MD
LG