Достапни линкови

Бугарите бараат од Берлин и Брисел да не ги затвораат очите пред корупцијата


Протест пред германската амбасада во Софија

Неколку стотици Бугари протестираа пред германската амбасада во Софија, барајќи од Берлин и Брисел да не ги затвораат очите пред широко распространета корупција во Бугарија. За време на мирниот протест наречен „Очи широко затворени“, организаторите изјавија дека ЕУ намерно ги игнорирала скандалите со корупцијата во најсиромашната од 27-те членки на блокот.

Софија - И родителите на деца со посебни потреби на протест пред владата

Антивладините протести се одржуваат секој ден повеќе од еден месец во Софија и другите поголеми градови. Главното барање на демонстрантите се оставки на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Претежно млади демонстранти ја обвинуваат владата за врски со мафијата, толерирање на корупцијата и задушување на слободата на говорот. Дел од антивладините протести е блокада на клучните патишта низ целата земја со поставување шатори.

Подготвен сум да си заминам, изјави Бојко Борисов

Борисов, премиер од 2009 година со кратки паузи, чиј трет мандат истекува во март, неодамна понуди оставка под услов неговата коалициска влада да преживее. Сепак, тој се откажа од тоа, изјавувајќи дека треба да се направи уште многу во врска со епидемијата на коронавирусот и падот на економијата..

XS
SM
MD
LG