Достапни линкови

Партиски препукувања околу преговорите за нова влада


СДСМ и денеска соопшти дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

„Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ“се вели во соопштението од СДСМ.

Од таму додаваат дека разговорите за ново парламентарно мнозинство продолжуваат и дека е потребностабилно мнозниство во Собранието кое ќе обезбеди формирање нова одговорна Влада која ќе движи силно напред по европскиот пат.

Реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат СДСМ јавно да каже дали има мнозинство и да не ги манипулира граѓаните.

„СДСМ и нејзините коалиции траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат. СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека имаат комуникација со сите партии, но не откриваат детали, за како што рекоа, да не им наштетат на процесите кои се во тек.

XS
SM
MD
LG