Достапни линкови

„Стоп за грабежот“: извршителите да се вратат во судовите


Протест на неформалното здружение „Стоп за грабежот“

Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“ денеска на прес-конференција побара повторно извршителите да се вратат во рамки на судот. На тој начин, како што велат, ќе имаме поправични судења и поправични процеси и ќе дојдеме повеќе до правда. Бараат и ветинг на судиите.

„Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е се формално. Судиите и во Оновен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови.

Горан Новаковски од здружението, пак, изјави дека пријавил 213 судии, пред се, до Американската амбасада. Бара Републичкиот судски совет да закаже јавна седница за претставката што ја доставил за работењето на судиите. Врз основа на неговата претставка поднесена е иницијатива за измена на Законот за судии и обвинители до Адвокатска комора и до Министерството за правда.

Ова здружение во неколку наврати излегуваше на протест минатата година упатувајќи поплаки за извршни решенија од извршители.

XS
SM
MD
LG