Достапни линкови

Најмалку 14 загинати и над 100 повредени во авионска несреќа во Индија


Најмалку 14 луѓе загинаа, а 123 се повредени во несреќа на авион на компанијата „Ер Индија Експрес), кој при слетување во услови на силен дожд излета од пистата и се преполови, соопшти полицијата.

Во авионот, кој според медиумите летал од Дубаи од Кожикиде во индиската држава Керала, имало 190 луѓе.

Претставникот на полицијата Абдул Карим изјави дека меѓу загинатите е и еден од пилотите, како и дека 15 од повредените се во критична состојба.

Авионот Боинг 737 не се запалил по излетувањето од пистата и преполовувањето.

Авионот враќал индиски државјани во земјата, соопштија локалните претставници.

Редовните комерцијалните летови во Индија се прекинати поради пандемијата на коронавирус.

Портпаролот на Министерството за цивилна авијација Раџив Џаин рече дека во авионот имало 174 возрасни лица, 10 деца, двајца пилоти и четири членови на посадата.

Амитаб Кант, шеф на владината комисија за планирање, рече дека пистата се наоѓа на рид со длабоки засеци од двете страни што го отежнува слетувањето.

„Инцидентот се случил поради силен дожд и слаба видливост, ова е навистина страшно“, изјави тој.

Ер Индија Експрес е огранок на компанијата Ер Индија.

XS
SM
MD
LG