Достапни линкови

Османи - Започнаа преговори меѓу Ахмети и Заев


Бујар Османи

Денеска стартуваа официјални преговори меѓу лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев, потврдува портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи за ТВ 21. Тој информираше за средбата меѓу Ахмети и Заев, која ја нарече конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка за таков епилог. За време на денешниот состанок најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба за време на изборната кампања.

За шансите да се договорат за премиер Албанец, Османи вели дека ќе треба да се почека и дека не е коректно доколку ги објават сите позиции.

Османи вели дека ДУИ не исклучува средби ниту со другите партии.

На прашањето за можна коалиција ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, Османи вели дека „нема да ја остават државата без влада”, но не сака да зборува за хипотетички ситуации“.

Голтање кнедли за формирање владино мнозинство

Во меѓувреме и од ВМРО-ДПМНЕ велат дека работат на формирање на парламентарно мнозинство.

По конститурањето на Собранието партиите се во обид да се договорат кој ќе формира влада.

На изборите одржани на 15 јули, во Собранието од 120 пратеници коалицијата предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса/Алтернатива 12, Левица 2 и еден пратеник освои ДПА.


XS
SM
MD
LG