Достапни линкови

Над 50 луѓе загинаа од силната експлозија во Бејрут


Повредени луѓе на улиците на Бејрут по силната експлозија

Над 50 загинати и неколку илјади повредени е досега билансот од силната експлозија што го потресе денеска Бејрут. Експлозијата оштети многу згради и разнесе прозорци и врати во куќите и становите оддалечени и неколку километри од местото каде што се случи.

Министерот за здравство Хамад Хасан изјави дека најмалку 50 луѓе загинеле и дека околку 2700 луѓе се повредени. Огромната експлозија се случи пристанишниот дел на главниот град. Министерството за внатрешни работи на Либан соопшти дека првичните информации за причините за експлозијата укажуваат дека настанала од многу експлозивен материја кој бил заплетен пред многу години и складиран на пристаништето. Локалните телевизиски станици пак, известуваат дека во експлозијата бил вклучен магацин за огномет.

Либанскиот премиер Хасан Диаб инцидентот го нарече „голема катастофа“ и изјави дека одговорните за него ќе бидат казнети.

Стејт Департментот соопшти дека внимателно ќе ги следат извештаите за експлозијата и дека се подготвени да понудат помош. Израел и Франција понудиле хуманитарна помош.

Експлозијата се случува во време кога Либан се соочува со голема финансиска криза предизвикана од ограничувањата поради коронавирусот, како и големо ослабување на валутата во однос на доларот. Во меѓувреме, се зголемија и тензиите меѓу Израел и милитантната група Хезболах долж јужната граница на Либан.

XS
SM
MD
LG