Достапни линкови

Лукашенко ќе избега од Белорусија ако се соочи со масовни протести?


Валер Цапкала

Валер Цапкала, човек кој се сметаше за еден од главните предизвикувачи на белорускиот претседател Александар Лукашенко и кој сега е во егзил во Киев вели дека Лукашенко нема да употреби сила ако голем број луѓе излезат на улиците за да ги оспорат резултатите од претстојните избори. 26-годишното авторитарно владеење на Лукашенко изгледа повеќе ранливо пред претседателските избори на 9 август, иако повеќето аналитичари велат дека тој најверојатно ќе победи преку комбинација на измама и репресија против поенергичната опозиција.

Лукашенко – Русија го прикрива обидот за дестабилизација на Белорусија

Цапкала, истакнат бизнисмен и поранешен амбасадор верува дека претседателот ќе ја напушти земјата ако се соочи со стотици илјади демонстранти за време и по изборите. Во интервју за Радио Слободна Европа Цапкала верува дека Лукашенко „едноставно ќе се качи во авион и ќе лета некаде“ ако се соочи со масовни улични протести. “Претседателот може да ги користи полицијата и безбедносните служби против илјадници демонстранти, но ако се мобилизираат сто илјади луѓе, тој нема да издаде наредба армијата да интервенира”, вели Цапкала, додавајќи: „Не верувам дека белоруската армија ќе може да употреби оружје против сопствениот народ“.

Репортери без граници со критика до Белорусија пред изборите

Десетици илјади приврзаници на опозицијата учествуваа на дневните митинзи во последните неколку недели како поддршка на претседателскиот кандидат Свјатлана Циханускаја, 37-годишна политичка почетничка, која е поддржана од дисквалификуваните кандидати за претседател.

XS
SM
MD
LG