Достапни линкови

Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди


Северна Кореја - проба на балистичка ракета

Северна Кореја ја унапредува својата програма за нуклеарно оружје и некои земји, според доверлив извештај на Обединетите нации, веруваат дека развила минијатурни нуклеарни уреди. Извештај подготвен од независен тим на експерти, кој ги следи санкциите на ОН за Северна Кореја, наведува дека земјата „веројатно имала развиено минијатурни нуклеарни уреди како дел од боевите глави на своите балистички ракети“. Новинската агенција Ројтерс и ДПА наведуваат дека извештајот е доставен до 15-члениот Совет за безбедност на ОН на 3 август. Во извештајот се оценува дека Северна Кореја продолжува да ја развива својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор со лесна вода.

Сеул: Северна Кореја ја дигна во воздух Канцеларијата за врски со Јужна Кореја

Северна Кореја спроведе шест нуклеарни тестови, последниот во септември 2017 година. Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во минатата недела изјави дека нуклеарното оружје на земјата ќе ја гарантира безбедноста на земјата. Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, се состанаа трипати од 2018 година, но двете страни не успеаја да постигнат напредок.

XS
SM
MD
LG