Достапни линкови

Денот на Републиката се одбележува под маски


Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, поради епидемијата се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од ковид-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје.

Оваа година чествувањата се според протоколи и во услови на пандемијата со ковид-19. Содржините на програмите се сведени на минимум, само со положување венци цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и народните собири на отворено, како и без групирања во угостителски објекти. Во програмите не учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри, а делегациите ќе положуваат цвеќе според протоколи за растојание – просторно од два метра и временско од две минути.

Сите учесници и посетители на настаните треба да ностат заштитна маска.

XS
SM
MD
LG