Достапни линкови

Трамп ќе ја забрани апликацијата ТикТок


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја забрани апликацијата за социјални медиуми „ТикТок“, која е во сопственост на кинеска компанија, можеби уште од денеска.

„Што се однесува до„ ТикТок “, ние ќе ја забраниме во САД“, рече Трамп, говорејќи пред новинарите.

Неколку часа претходно тој рече дека остануваат други можности за решавање на загриженоста дека оваа услуга може да биде алатка за кинеското разузнавање.

Апликацијата е особено популарна кај младите, кои прават и гледаат куси видеа. Има околу една милијарда корисници низ целиот свет.

Владата на САД претходно оваа недела преку Комитетот за странски инвестиции ја стави под истрага апликацијата. Тоа наиде на силни забелешки од кинеската влада, која го обвини Вашингтон за дискриминација. Компанијата инсистира на тоа дека не ги споделува податоците за корисниците со Пекинг.

Меѓу САД и Кина има тензии за низа прашања – трговија, човекови права, технологија.

XS
SM
MD
LG