Достапни линкови

Џонсон го одложи олабавувањето на анти-корона мерките


Борис Џонсон

Британскиот премиер, Борис Џонсон, го одложи планираното ублажување на мерките во Англија по порастот на бројот на заразени од коронавирусот поради страв од втор бран на заразата. Само неколку часа откако Велика Британија воведе построги мерки во делови на Англија, Џонсон објави дека казината, кугларниците и лизгалиштата остануваат затворени, а свадбените прослави се откажуваат.

„Нашата процена е дека треба да притиснеме на сопирачката за да го задржиме вирусот под контрола“, одговори Џонсон на новинарско прашање за втор бран на заразата со Ковид-19.

Во Велика Британија до сега од Ковид-19 починале 55.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG