Достапни линкови

Митко Јанчев најавува преземање на ВМРО-ДПМНЕ


Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, критикувајќи го актуелниот партиски лидер, Христијан Мицкоски, најави преземање на партијата.

Јанчев, во интервју за Фокус, вели дека Мицкоски него го го сметал за конкуренција и затоа го разрешил од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, и дека партијата чека подобри денови.

„Кога јас ќе го преземем ВМРО - ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја“, вели Јанчев во интервјуто.

Јанчев веќе подолг период јавно го критикува партиското раководство и бара негова смена. ВМРО-ДПМНЕ по изборите најави кадровски смени и освежување на партијата кои пред неколку дена ги почна со повик за пријавување на кандидати за претседател на Унијата на млади сили и за челници во партискиот огранок на ветераните.

XS
SM
MD
LG