Достапни линкови

Реакции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за новата цена на струјата


Илустрација

Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им биде одземено на граѓаните преку повисоките сметки за струја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот официјален фејсбук профил.

„Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата“, реагираше Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата за 7,42 отсто. Евтината тарифа останува во истите периоди како и досега.

Поскапува струјата за 7,4 отсто

По одлуката на поскапување на струјата, со соопштение се огласи и СДСМ.

„Регулаторната комисија која ја донесе Одлуката за корекција за цената, е независна и високо професионална институција која во изминативе 2 години направи и спроведе одлични реформи во својот делокруг. Оттука, веруваме дека нивните одлуки се професионално димензионирани во насока на заштита на интересите и на граѓаните и на компаниите“, велат од СДСМ.

Според социјалдемократите, и со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.

Според претседателот на РКЕ, Марко Беслимовски, поскапување на струјата побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот ковид-19.

XS
SM
MD
LG