Достапни линкови

Апели за Курбан Бајрам да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19


Министерот за здравство Венко Филипче порача граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за време на празникот Курбан Бајрам. Тој преку социјалната мреѓа Фејсбук им го честиташе празникот и потсети дека и во тек на празнувањето не треба да се заборави на почитување на мерките за заштита: заштитна маска, зачестена хигиена на рацете, одржување на физичка дистанца.

„Чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски“, напиша Филипче.

Државниот врв и политичарите им го честитаат празникот на верниците муслимани. И во нивните честитки пандемијата со ковид-19 зазема места, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките.

XS
SM
MD
LG