Достапни линкови

НАСА го лансираше „Персеверенс“ на Марс


Фотографија на НАСА по лансирањето на нејзиниот ровер.

Со денешното лансирање на роверот „Персеверенс“, НАСА ја почна својата најнова мисија на Марс - до сега најамбициозен обид да пронајде докази дали некогаш имало живот на т.н. црвена планета.

Роверот ќе патува 480 милиони километри, односно 7 месеци, пред да се спушти во кратерот Езеро. Тој носи научни експерименти кои ќе се обидат да детектираат фосилизирани траги на живот. Пред неколку милијарди години, кога Марс бил повлажен, кратерот содржел езеро, во кое можеби имало услови за живот за примитивни организми, како микроби.

„Персеверенс“ важи за најсофистицираното возило на НАСА досега.

XS
SM
MD
LG