Достапни линкови

Задолжително носење маски во американскиот Конгрес


Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси придружувана од членови на Конгресот, Вашингтон, 29.07.2020.

Уште еден член на американскиот Конгрес имал позитивен тест за коронавирус, што предизвика задолжително носење маски на лице во Капитол Хил. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси издаде задолжителна наредба за носење маска која стапува на сила денеска.

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19

Пелоси од Демокртската партија го објави соопштението откако претставникот кој Луи Гомерт, републиканец од Тексас изјави дека имал позитивен тест и оти ќе биде во карантин. Позитивниот тест го принуди Гомерт (66) да ги откаже своите планови да патува во Тексас со претседателот Доналд Трамп. Тој е најмалку десеттиот член на Конгресот за кој се знае дека имал позитивен тест за коронавирус.

XS
SM
MD
LG