Достапни линкови

Во Белорусија приведени над 30 руски милитанти


Санаториумот каде што биле уапсени руските милитанти

Белоруската државна новинска агенција „Белта“ објави дека „32 странски милитанти“ од приватната руска воена компанија Вагнер биле приведени во близина на Минск само неколку дена пред претседателските избори во земјата. Белта исто така, објави дека уште еден осомничен бил приведен на југот на земјата. Претседателот Алиаксандар Лукашенко свика состанок на Советот за безбедност и му наложи на началникот на безбедносните служби Валер Вакулчик, да побара објаснување од Москва. „Треба итно да побараме од релевантните структури на Руската Федерација да објаснат што се случува“, рече Лукашенко на состанокот.

Репортери без граници со критика до Белорусија пред изборите

Руската амбасада во Минск соопшти дека примила од Министерството за надворешни работи на Белорусија „официјално известување за притворот на 32 руски државјани“. Групата Вагнер е руска паравоена организација чии борци се појавија во судири во Сирија, Украина и Африка. Во 2018 година, американскиот Стејт департмент ја стави групата на црната листата заедно со над 30 други руски компании и лица.

XS
SM
MD
LG