Достапни линкови

Турскиот парламент донесе закон за контрола врз социјалните медиуми


Парламентот на Турција, Анкара - архивска фотографија

Турскиот парламент денеска донесе закон со кој се предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук ќе мора да имаат претставник во Турција. Тие исто така ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот суд за отстранување на одредена содржина во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на судските наредби, предвидени се строги казни.

Партијата на Ердоган предлага посилна контрола врз социјалните мрежи

Невладините организации велат дека зголемената контрола врз социјалните медиуми може да го ограничи пристапот на Турците до независни или критични информации, во околина во која доминираат провладините медиуми.

XS
SM
MD
LG