Достапни линкови

Светскиот туризам поради пандемијата со загуба од 320 милијарди долари само до мај


илустрација

Пандемијата на коронавирусот предизвика загуба од 320 милијарди долари за светскиот туризам за периодот од јануари до мај, во однос на истиот период лани; објави Светската туристичка организација, наведувајќи: „Ова е трипати поголема загуба за меѓународниот туризам отколку за време на светската економска криза во 2009 година“. Бројот на меѓународни туристи падна за 56 проценти од јануари до мај годинава во споредба со истиот период во 2019 година, или 300 милиони туристи.

Каталонија ги затвора ноќните клубови и кафулињата поради ковид-19

И покрај бавното започнување на туризмот, особено во северната хемисфера, „индексот на доверба поставен од СТО е најнизок во историјата“, се вели во соопштението. Меѓу главните ризици за туризмот се повторното појавување на пандемијата и можноста за карантин, како и фактот дека Кина и САД се „во застој“, а претходно беа главни извори на туристи. Во почетокот на мај, СТО предвиде пад на бројот на меѓународни туристи од 60 на 80 проценти за целата 2020 година, со загуби кои би можеле да достигнат од 910 до 1,2 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG