Достапни линкови

Лукашенко позитивен на ковид-19


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека е позитивен на коронавирус, но дека нема никакви симптоми и дека го надминал без хоспитализација. Тој на средбата со полициските службеници изгледал уморно и со зарипнат глас, јавуват медиумите.

„Се извинувам за мојот глас. Морав многу да зборувам во последно време. Но, најизненадувачи е што пред вас личност која го помина коронавирусот на нозе, без асимптоматски,“ изјавил Лукашенко, додавајќи дека како што порано рекол, 97 проценти од населениот го поминува вирусот асимптоматски.

Белорусија во моментов има регистрирано 67 илјади случаи на заболени од ковид 19 и 543 смртни случаи кои се евидентирани. Лукашенко честопати во своите јавни говори ја отфрла загриженоста за опасностите за болеста, нарекувајќи ги стравувањата „психоза“. Тој во моментов е во кампања за реизбор на претседателските избори кои ќе треба да се одржат на 9 август.

XS
SM
MD
LG