Достапни линкови

Примирје во источна Украина


украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин

Прекин на огнот меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија, почна на полноќ. Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин телефонски разговараа за конфликтот во источна Украина и изразија поддршка за примирјето. Кабинетот на Зеленски соопшти дека украинскиот претседател му кажал на Путин дека се потребни понатамошни чекори за ослободување на украинските граѓани во источна Украина, Крим и Русија.

Постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина

Кремљ соопшти дека Путин му рекол на Зеленски декаодлуката на Украина да одржи регионални избори во 2020 година е во спротивност со мировните спогодби во Минск со цел решавање на конфликтот што избувна во 2014 година. Зеленски беше избран минатата година со ветувања за прекин на конфликтот во источните региони Доњецк и Луханск.

XS
SM
MD
LG