Достапни линкови

Комшиќ - Нема да дозволиме решението за Косово да се поврзе со БиХ


Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ денеска повтори дека ниту едно решение за косовското прашање не треба да биде врзано за позицијата на државата Босна и Херцеговина, додавајќи дека „гадно се лажат оние кои мислат дека нешто ќе компензираат врз грбот на БиХ“.

Во интервју за порталот „Слободна Босна“ Комшиќ оцени дека позицијата на Србија и претседателот Александар Вучиќ во преговорите „не е завидна“.

Тој тоа го објасни со тврдењето дека решавањето на косовското прашање не ѝ одговара на Русија, затоа што верува дека доколку се реши проблемот ќе исчезне и потребата на Србија од руска заштита, „која им е синџир околу вратот“.

Комшиќ тоа го поврза со протестите во Белград под, како што рече, фасадата на пандемијата, кажувајќи дека некои демонстранти го величеле Ратко Младиќ и ја поздравувале Русија.

XS
SM
MD
LG