Достапни линкови

Кина нареди САД да го затворат конзулатот во Ченгду


Илустративна фотографија.

Кина соопшти дека наредила САД да го затворат својот конзулат во југозападниот град Ченгду како одмазда за затворањето на кинескиот конзулат во Хјустон од страна на Вашингтон, кое се случи претходно оваа недела.

Кинеското Министерство за надворешни работи денска соопшти дека е одземено овластувањето на Соединетите држави да го водат конзулатот.

Се вели дека потегот бил „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на САД.“

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, кои се зголемуваат, се влошија уште повеќе откако Владата на САД на 21 јули нареди Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон во рок од 72 часа.

На 23 јули државниот секретар на САД Мајк Помпео ги повика сојузниците на САД да застанат заедно против глобалните „хегемонистички“ аспирации на Кинеската комунистичка партија, велејќи дека децениските ангажмани со Пекинг не ги дале очекуваните резултати за соработка и подемократска Кина.

XS
SM
MD
LG