Достапни линкови

ЕУ бара од црногорската Влада и СПЦ да го продолжат дијалогот


Црна Гора- Делегација на СПЦ пристига во владината зграда на состанок, 20.07.2020

Европската унија ги повика Владата на Црна Гора и Митрополијата Црногорска-приморска на Српската православна црква (СПЦ) да го продолжат дијалогот за спорниот Закон за слобода на вероисповед, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

„ЕУ постојано потсетуваше на важноста на дијалогот и во тој дух го поздравуваме неодамнешното продолжување на преговорите меѓу двете страни. Ги поздравуваме напорите на владата за постигнување компромис. За жал, овие разговори не доведоа до решение. Ги охрабруваме двете страни да продолжат со дијалогот“, рече Писонеро за РТЦГ.

Експертски тимови од Владата и Српската православна црква не успеаја да најдат решение за надминување на поделбите во црногорското општество поради контроверзниот закон, за кој Српската православна црква смета дека е насочен кон конфискација на нејзиниот имот, вклучително и цркви и манастири во Црна Гора.

XS
SM
MD
LG