Достапни линкови

Интерпол запленил илјадници фалсификат Ковид тестови


Илустрација

Запленети се 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол, пренесе АФП.

Акцијата во која биле запленети фалсификуваните или нестандардните производи, чија вредност е 34,5 милиони евра, била спроведена во 77 земји и при тоа се уапсени 407 лица. Операцијата траела од декември 2019 до јуни 2020 година.

„Додека земјите ширум светот продолжуваат со напорите да го контролираат Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи само ја покажуваат својата решеност само да заработат“, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

XS
SM
MD
LG