Достапни линкови

ММФ: Пандемијата може да го зголеми половиот економски јаз


Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева

Ковид-19 пандемијата би можела да го загрози напредокот што го постигнаа жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, истакна денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа додаде дека економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погоди жените отколку мажите, бидејќи поголем е бројот на вработени жени во погодените сектори – услужната индустрија, малопродажбата, туризмот и хотелиерството.

Според ММФ, жените имаат тенденција да работат 2,7 часа дневно повеќе од мажите од неплатените домашни работи.

XS
SM
MD
LG