Достапни линкови

Помпео во Данска за рускиот гасовод “Северен тек 2”


Руски брод поставува цевки за гасоводот "Северен тек2"

Државниот секретар на САД Мајк Помпео на денешната средба со данскиот премиер Мет Фредериксен во Копенхаген ќе разговара за гасоводот „Северен тек 2“кој Русија сака да го заврши, и преку кој би се транспортирал гас до Европа под Балтичкото Море. Делот од гасоводот што останува да се гради лежи во економските води на Данска. Помпео во минатата недела ги предупреди компаниите да не и помагаат на Русија да го заврши гасоводот во вредност од скоро 11 милијарди долари.

Стапија во сила санкциите на САД против „Северен тек 2“

Соединетите држави се спротивставуваат со образложение дека го зајакнува присуството на Кремљ на европскиот енергетски пазар и ја казнува Украина, која се бори против сепаратистите поддржани од Русија во нејзините источни провинции. Нафтоводот во голема мерка би го пренасочил природниот гас околу Украина, лишувајќи го Киев од неколку милијарди долари годишно. Европските бродови што го поставија гасоводот ја прекинаа својата работа во декември, по рундата американски санкции што беа насочени кон нивната активност. Русија сега се надева дека ќе ја заврши со користење на свои бродови.

XS
SM
MD
LG