Достапни линкови

Од туристите во Грција најмногу заразени со ковид се од Србија


Грција - Здравствен работник зема брис за ковид од турист.

Од 295 позитивни случаи на ковид-19 кај туристите во Грција, 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени, соопшти денесказаменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.

Хардаљас објасни дека од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. Биле направени вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници .

Од позитивните случаи кај туристите 53 се активни, 207 се вратиле во нивните земји, а 35 случаи не се повеќе активни и остануваат во Грција.

„Во однос на потеклото на случаите, први пет земји со најмногу случаи беа Србија со 78 случаи, Бугарија со 63, Романија со 61, Албанија со 23 и Соединетите Американски држави со шест. Карактеристично е тоа што 225 од 295, односно 76,27 отсто беа од четирите пријателски соседни балкански земји“, објасни заменик-министерот за цивилна заштита на Грција на денешната прес конференција.

За Грција, рече дека од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.007 позитивни случаи, од кои 435 се активни, 1.030 биле отпуштени од болница, 2.347 оздравеле по домашно лекување, а починаа 195 лица.

XS
SM
MD
LG