Достапни линкови

Закажано рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ на Боки 13


Фросина Ременски и Бојан Јовановски - Боки 13 се меѓу обвинетите во овој случај.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски - Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај. Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

XS
SM
MD
LG