Достапни линкови

Цукерберг негира дека имал таен договор со Трамп


Директорот и основач на Фејсбук Марк Цукерберг

Директорот и основач на Фејсбук Марк Цукерберг, критикуван бидејќи објавува на Фејсбук одредени контроверзни пораки на Доналд Трамп изрази уверување дека немал таен договор со претседателот на Соединетите држави. „Јас сум свесен за тие шпекулации, но да биде јасно: нема договор“, рече Цукерберг во интервју за веб-страницата „Аксиос“, додавајќи дека „самата идеја оти може да има договор е всушност доста смешна“. Тој, сепак, призна дека од време на време имал средби со Трамп, но додава дека имал и неколку разговори со поранешниот американски претседател Барак Обама и со други светски политички функционери.

Фејсбук почна да етикетира руски, кинески и ирански државни медиуми

Фејсбук се најде под критики поради тоа што не успеа да се справи со проблематичните содржини и дезинформациите по што неколку големи компании, меѓу кои Старбакс, Адидас, Кока-Кола, Унилевер и Форд, неодамна решија да престанат да купуваат простор за рекламирање на таа мрежа. Во мај, Фејсбук одлучи да ги остави пораките на Трамп што може да го обесхрабрат гласањето или да поттикнат насилство врз граѓаните кои протестираат против расизмот.

XS
SM
MD
LG