Достапни линкови

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за економскиот пакет


од самитот на ЕУ во Брисел, 20.07.2020.

Лидерите на Европската унија постигнаа договор во вторникот изутрина за пакетот за обновување за економијата на блокот од 27 држави по пандемијата. Со пакетот се нудат 750 милијарди евра грантови и заеми за одговор на ефектите од ковид-19, како на пример очекуваната рецесија, изјавија официјални лица во Брисел каде што веќе четири дена евро лидерите расправаа за економскиот пакет.Самитот требаше да трае два дена, а да заврши во сабота.

Макрон: Има напредок за планот за закрепнување на ЕУ

“Овој договор покажува дека блокот е способен да дејствува заедно, дури и за време на најголемата криза и е подготвен да оди по нови патеки во необични околности”, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон кој изјави дека договорот следувал по долги и тешки преговори, за време на кои требаше да се направат отстапки за да се победат земјите-членки чии приговори го блокираа договорот. “Но, концесиите беа пропорционални и беа неопходни за да се испорача план за обновување доволно голем за да бидат ефективен”, рече тој, додавајќи:„Не постои такво нешто како совршен свет, но постигнавме напредок“.

Лидерите на ЕУ и натаму без договор за економскиот пакет

Преговорите за буџетот на ЕУ од 1,85 трилиони евра и за Фонд за опоравување од најтешката криза укажаа на несогласувањата меѓу членките на блокот. Холандија, Шведска, Австрија, Данска и Финска бараа намалување на големината на пакетот и да се постават строги правила за тоа како да се користи.

XS
SM
MD
LG