Достапни линкови

Дијалогот Косово-Србија не е технички, тврди премиерот Хоти


Премиерот на Косово, Авдулах Хоти

Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека меѓу Косово и Србија не се одвива технички дијалог, јави МИА од Приштина. Тој, со кратка објава на својата страница на Фејсбук, порача дека дијалогот со Белград е со единствена цел постигнување договор за меѓусебно признавање на двете држави.

“Нема технички дијалог. Има дијалог единствено за конечен договор за меѓусебно признавање и нормализација на односите меѓу двете земји“, напиша Хоти.

Пораката на косовскиот премиер е реакција на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој по минатонеделната средба во Брисел рече дека српско - косовските преговори ќе продолжат на техничко ниво.

XS
SM
MD
LG