Достапни линкови

Трамп не ги признава анкетите што му одат во прилог на Бајден


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли резултатите од најновата анкета, според која, неговиот демократски противник Џозеф Бајден има подобар рејтинг во јавноста. „Прво и најважно, јас нема да загубам затоа што ова се анкети без никаква врска“, рече Трамп во интервјуто што го објави американската телевизија Фокс њуз.

Трамп го смени менаџерот на неговата кампања

Според најновата анкета, 49 отсто од граѓаните би гласале за Бајден, а 41 отсто за Трамп. „Бајден е неспособен да кажува две реченици по ред“, рече 74 годишниот Трамп запрашан дали смета дека Бајден е „сенилен“. 77 годишниот Бајден најголемиот дел од времето го поминува во својата резиденција во американската држава Делавер, од каде што ја води медиумската кампања пред претседателските избори закажани за ноември.

XS
SM
MD
LG