Достапни линкови

Рохани - Веројатно 25 милиони Иранци се заразени од коронавирусот


Архива - Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во денешно телевизиско обраќање изјави дека според проценките на здравствените власти 25 милиони Иранци се заразени од коронавирусот и дека околу 35 милиони се под ризик од зараза.

Бројките, за кои Рохани тврди дека се добиени од новиот извештај на министерството за здравство, се значително поголеми од досега потврдените 269.440 случаи на коронавирусот, пишува Ројтерс.

Рохани во телевизиското обраќање не појасни за големата разлика во податоците.

Иран, кој има околу 80 милиони жители, е најтешко погодена земја на Блискиот Исток од пандемијата на Ковид -19.

„Проценуваме дека засега 25 милиони Иранци се заразени од коронавирусот, а околу 14.000 го загубија животот“, рече Рохани додавајќи дека под опасност од зараза се меѓу 30 и 35 милиони луѓе.

Рохани исто така изјави дека во земјата се хоспитализирани повеќе од 200.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG