Достапни линкови

Номинирање на инспиративни млади за наградата од УСАИД


Наградени млади од УСАИД

Четврта година по ред се избираат млади и младински организации кои се залагале за промени во општеството.

Во тек е номинирањето на млади индивидуалци и младински групи кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанско учество. Нивните активности треба да се реализирани од јануари 2019 година до јуни годинава. Наградата за младинско учество ја доделува УСАИД, во рамки на проектот Граѓанско учество. Номинирањето трае до 20 јули, а се однесува на млади од 18 до 29 години. По завршувањето на номинациите на 20 јули, ќе се одржи и јавно гласање.

Наградата подразбира и парична награда во три категории, поточно за индивидуалци до 1500 долари, за неформални младински групи до 2500 долари и за младински невладини организации до 2500 долари.

Минатата година доделувањето се одржа во Старата скопска чаршија.

Наградени млади од УСАИД, 2019
Наградени млади од УСАИД, 2019


Тијана Спасовска доби награда за социјална инклузија, односно за едукација на граѓаните за важноста на почитување на лицата со попреченост. Таа им даваше часови по балет на деца со даунов синдром, по што организираа и претстава. Блаже Јосифовски беше награден за нудење иновативни и одржливи решенија за управување и редистрибуција на вишокот храна. Виктор Гелев доби награда за неговиот придонес кон „грасрут“ иницијативи кои решаваат прашања од јавен интерес.

Понатаму, здружението „Млади Можат“, здружението за дислексија „Ајнштајн“ и здружението МЕЛЕЕМ беа наградени во категоријата на младински граѓански организации за своите поединечни придонеси кон решавање на прашања од јавен интерес.

Целта на наградата е да се унапредат јавните политики и активното учество на младите.

XS
SM
MD
LG