Достапни линкови

Лукашенко: нема никому да му ја предадам земјата


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли критиките од Западот, откако полицијата ширум земјата насилно растера илјадници демонстранти, по исклучувањето на главниот негов предизвикувач на претседателските избори во следниот месец.

„Не сакаме никој да ни каже како да живееме“, рече Лукашенко за време на посетата на градот Витшебск. 65-годишниот, кој бара шести последователен мандат на изборите на 9 август, притоа рече: „Ние ќе ја браниме нашата земја со сите легални средства“, индиректно осврнувајќи се врз протестите на 14 јули кои беа слични на претходните демонстрации минатиот месец, што го натера да обвини некои сили во Русија и Западот дека се мешале во изборниот процес во Белорусија.

Забрането учество на изборите во Белорусија за главните ривали на Лукашенко

Изјавата на Лукашенко дојде еден ден откако полицијата уапси најмалку 301 лица, меѓу кои и двајца репортери на Радио Слободна Европа и најмалку 12 други новинари, во Минск и некои други градови. Протестите беа против одлуката на Централната изборна комисија да не го регистрира можниот најголем ривал на Лукашенко на изборите Викар Бабарика, поранешен управител на банка, сега затворен за обвиненија за проневера за кои тој и неговата кампања велат дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG