Достапни линкови

ДИК – По обработени 94 отсто од гласачките места СДСМ води со 1,5 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ


Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија

Коалицијата на СДСМ води со околу 1,5 проценти поени пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат податоците од обработени 93,96 отсто од гласачките места, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. Тој рече дека вечерва нема да ја соопштат распределбата на пратеничките мандати, туку тоа ќе го направат утре по конечните проверки.

Вечерва ги соопштија само процентите на освоени гласови на цела држава, но не и според изборни единици.

Коалицијата предводена од СДСМ и Беса, според досегашните податоци, освои 36,13 отсто од гласовите, Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ 34,65 отсто, ДУИ 11,57 отсто, Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,78 отсто, Левица 3,96 отсто, ДПА 1,48 отсто и Интегра 1,33 отсто. Останатите учесници на изборите освоиле под 1 отсто од гласовите.

Сајтот на ДИК каде што се објавуваат резултатите е паднат скоро 4 часа. Шабани рече дека се работи за надворешен хакерски напад.

XS
SM
MD
LG