Достапни линкови

Јанушев - ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за состав на нова влада


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за состав на нова влада, затоа што постојната е истрошена и време е за промени, рече генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

„Трката е неизвесна, ќе почекаме до утринава да ги видиме конечните резултати. Многу пати сме го кажале ставот со кога може да се преговара за идната влада, сепак да почекаме да видиме и финално како ќе бидат поделени мандатите“, рече Јанушев.

Тој рече дека победиле во најголем број од градовите и населените места, но дека Донтовиот модел ја прави трката неизвесна.

„Но факт е дека народот сака промени. Народот покажа дека не сакам влада која е криминална и коруптивна. Народот сака обнова. Опозицијата на овие избори покажа дека има повеќе гласови од партиите на власт“, рече Јанушев.

XS
SM
MD
LG