Достапни линкови

Насер Зибери - Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“


Насер Зибери

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери пред новинарите во седиштето на партија изјави дека бележат убедлива победа во многу места низ државата.

„Резултатите, неофицијални прелиминарни се разбира, говорат за убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, завршувајќи со Лојане на север. Чекаме официјално од ДИК и тие резултати да се претворат во мандати, зашто мандатите ќе се утврдуваат врз основа на степенот на гласање“, истакна Зибери.

Тој рече дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите, со оглед на тоа што и ДИК има проблеми околу објавување на информации. Воедно не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

„Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа за тоа општество каде секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во своја куќа. Дозволете некои ставови да ги изнесе претседателот на партијата Ахмети, јас ги изнесов овие што сметам дека се во моја надлежност. Сепак преговорите ќе ги води Ахмети“, порача Зибери.

XS
SM
MD
LG