Достапни линкови

СДСМ води во единицата, четворката и петката, ВМРО-ДПМНЕ во двојката и во тројката, а ДУИ во шестката


Коалицијата предводена од СДСМ е во благо водство пред Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ по обработени 70 отсто од гласачките места, соопшти вечерва Државната изборна комисија. Според резултатите од обработени 2281 од вкупно 3480 гласачки места, СДСМ има 36,79 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 35,77 отсто, ДУИ 10, 3 отсто, Алијанса за Албанците 8,13 отсто, Левица 4,16 отсто, Интегра 1,38 отсто и ДПА 1,33 отсто.

Коалицијата предводена од СДСМ води во првата, четвртата и петтата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ во втората и третата, а ДУИ победува во шестата изборна единица.

Во првата изборна единица СДСМ има 33,9 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 31,25 отсто, ДУИ 12,65 отсто, Алијанса за Албанците 8,68 отсто и Левица 7,71 отсто од гласовите.

Во втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има 35,71 отсто, СДСМ 33,91 отсто, ДУИ 10,55. Алијанса за Албанците 10,15 отсто и Левица 4,24 отсто од гласовите.

Во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има 47,09 отсто, СДСМ 42,82 отсто и Левица 4,39 отсто.

Во четвртата изборна единица СДСМ има 46,39 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 45,67 отсто и Левица 3,95 отсто.

Во петтата изборна единица СДСМ има 37,41 отсто, ВМРО-ДПМНЕ 35,85 отсто, ДУИ 12,89 отсто, Алијанса на Албанците 7,15 отсто и левица 3,17 отсто од гласовите.

Во шестата изборна единица ДУИ има 29,24 отсто од гласовите, Алијанса за Албанците 27,45 отсто, Коалицијата на СДСМ и беса 21, 16 отсто, ВМРО-ДПНЕ 13,63 отсто и ДПА 6,54 отсто од гласовите.

Сајтот на ДИК е паднат, па резултатите ги соопштија на прес-конференција.

XS
SM
MD
LG