Достапни линкови

Гласањето заврши - излезноста скоро 51 отсто на 15 минути пред затворање на гласачките места


Претседателот на ДИК Оливер Дерковски

Одѕивот на денешните предвремени парламентарни избори, на петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места, бил 50,86 отсто, односно на гласање излегле 922.678 гласачи, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ова се податоци од обработени 3466 од 3480 гласачки места.

Поради пандемијата на коронавирус, гласањето беше продолжено до 21 часот, наместо како вообичаено до 19 часот.

Најголем одѕив има во четвртата изборна единица, каде што гласале 59,79 отсто од регистрираните избирачи, а најмала во шестата каде што гласале 39,23 отсто од избирачите. Излезноста во третата изборна единица била 57,37 отсто, во првата 52,17 отсто, во петтата 50,16 отсто, и во втората 47,97 отсто.

Во некои општини како Македонски Брод, Крива Паланка или Крушево излезноста е над 70 отсто.

Дерковски рече дека гласањето помина одлично со мали исклучоци и покрај тешките услови и одржувањето на изборите во време на пандемија на коронавирус.

XS
SM
MD
LG