Достапни линкови

Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче


Прес конференција на МОСТ за парламентарните избори 2020

Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.

„Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор“, наведоа на прес-конференцијата на МОСТ.

На гласачкото место 0102, во Битола, гласач со попреченост гласал со подвижен параван, откако го отстранил параванот, ИО увидел дека на подот има гласачко ливче од тоа место. Пронајденото ливче било поништено, бил направен записник, а гласањето било прекинато во период од 30 минути.

XS
SM
MD
LG